Согласно Програмата за управување со отпад за 2020 година, Општина Велес спроведува активности за чистење на дивите депонии од градежен шут.

Во претходно спроведена тендерска постапка и избор на економски оператор, започнувајќи од 21 април па во следните десетина дена ќе се изврши чистење на локациите: пристапен пат кон населба Дурутовец, излезот од Велес кон Скопје и влезот во Велес од Штип.

Општина Велес има определена локација за депонирање на земја, шут и друг отпаден градежен материјал, но поради несовесното однесување на дел од жителите на Општина Велес кои го депонираат шутот и останатиот градежен материјал од сопствени градежни активности на несоодветни локации, а со тоа ја загрозуваат животната средина и го нарушуваат визуелниот изглед на просторот, посебно на локациите кои оставаат прв впечаток за општината, Општина Велес упатува апел до граѓаните за совесно и општествено одговорно однесување на сите.

Со доброто управување и имплементирање на активностите од Програмата за управување со отпадот, бројот на диви депонии од година во година се намалува, а со оваа активност за расчистување се очекува да бидат собрани и транспортирани до соодветна депонија околу 1250 м3 отпад.