„Утре (14 февруари) завршува постапката за поднесување најповолни понуди од страна на заинтересираните субјекти за избор на најповолен понудувач за склопување на јавно приватно партнерство помеѓу Општина Велес и заинтересираните страни за стопанисување со поранешниот официрски дом, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

„Во текот на утрешниот ден ќе знаеме точно колку фирми се јавиле”, дополни тој.
Градоначалникот Коцевски ја извести јавноста и дека во тек е постапката за избор на најповолен понудувач за набавка на квалитетна апаратура за создавање услови за кино проекции во Велес.

„Се консултиравме со професори од елктро-техничкиот факултет, кои ни помогнаа во изготвувањето на спецификација за техничка опрема за да се опреми салата. Одлучивме да го продолжиме рокот за 10 денови со цел фирмите кои работат на ова поле да можат да ја увезат апартурата и до крајот на месец април 2020 година да се прикаже првата проекција во салата ‘Бели мугри’” рече Коцевски.