Се реконструира познатото езерце „Црвенкапа” во Градскиот парк.

Со градежните работи кои започнаа на почетокот од овој месец се врши проширување на постоечкото езерце и истото ќе биде на површина од околу 1 000 м2.

Просторот ќе биде хортикултурно уреден, со клупи, канделабри за осветлување, пешачки патеки, корпи за отпадоци.

За полнење на езерцето ќе биде искористен изворот на природна вода која е во негова близина, истата ќе се канализира во езерото, а ќе биде поставен и систем за филтрација на водата.

Општина Велес обезбеди финансиски средства од сопствениот буџет преку Програмата за заштита на животната средина за 2020 година во висина од 1. 000. 000, 00 денари, без вклучен ДДВ, а изведувач на работите е ЈКП „Дервен”.

Во зависност од временските услови, градежните работи ќе завршат кон крајот на месец ноември.

Воедно, во текот на минатиот месец во Градскиот парк на пешачко -рекреативната патека беше поставено осветлување, со цел нејзино користење и во текот на вечерните часови.

Беа поставени шеснаесет нови метални столбови со ЛЕД светилки, секоја со единечна моќност од 50W и со висина од шест метри.

Општина Велес обезбеди средства од општинскиот буџет од Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес во висина од 428 144,12 денари.