Се известуваат граѓаните на Велес дека во тек е реконструкција на дел од улицата „Андон Шурков“ и тоа од бензиската станица Црна Река до бензиска станица Макпетрол. Во текот на изведувањето на градежните работи сообраќајот ќе се одвива по одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај со поставена сообраќајна сигнализација.

Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање и да имаат трпение за време на изведување на градежните зафати со цел непречено и побрзо завршување на реконструкцијата на улицата.

Реконструкцијата на „Андон Шурков“ е дел од проектот за поврзување на локалните патишта помеѓу Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој.