РЕШЕНИЕ

Се одобрува Планска програма со УП број 1310-40 и со број на постапка 38740 за изработка за Детален урбанистички план за дел од УБ 48 и дел од УБ 49, УЕ 9 (Рамина), К.О. Велес, општина Велес, изработена од Друштво за проектирање, изведување, консалтинг и компјутерски инженеринг ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ, со тех. број 3865 од Март 2022 година.

Градоначалникот на Општина Велес врз основа на приложената документација кон предлогот за одобрување планската програма од Комисијата за урбанизам од член 38, при Општина Велес, констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Правилникот за урбанистичко планирање и Законот за урбанистичко планирање (Службен Весник на РСМ бр.32/2020).
Правна поука: Против ова Решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на истото, до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот. Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси


Решение