Почитувани,

Во месноста „Долни дуќани” во тек се градежни работи  за санација на штетите настанати како последица од рушењето на дел од карпата од свлечиштето викано „Цуцка”, при што беше срушен потпорен ѕид, оштетена сообраќајницата на патниот правец Велес – Гевгелија , како и дел од железничката линија.

Во фаза на изведување на градежните работи јавноста беше известена дека на овој потег сообраќајот времено ќе биде во прекин сè до целосно завршување на градежните работи.

Поради непречено одвивање на градежните работи, на  лице место има поставено барикади со кои се оневозможува сообраќајот, односно движењето на возилата, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, како и слој на земјен материјал по цела должина каде се изведуваат градежните работи.  Во деновите кога не се работи, просторот го обезбедува чуварска служба.

Од страна  на несовесни граѓани поставените барикади се поместуваат и со моторни возила поминуваат по делница која е забранета за движење за возила и пешаци.

Општина Велес упатува апел до жителите на Општина Велес да ја почитуваат забраната за движење на овој патен правец, да ја почитуваат поставената сигнализација и поставените барикади, за да не ги доведуваат во опасност сопствените животи.

Со почит,
Општина Велес