Операторот ,,Кепс Маунт Груп“, што стопанисува со ридот со олово-цинковата троска, од 17 ноември започна со активности за ископ, сеење, товарање и транспорт на техногената минерална суровина од локацијата Баш колиби, позната како депонија за оловно-цинковна јаловина на некогашната Топилница, информираше Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.

,,Операторот на инсталацијата е должен активностите да ги изведува согласно условите и мерките пропишани во Б-Интегрираната еколошка дозвола, што им ја издадовме на 02.10.2019 година“, рече Коцевски.

За почеток операторот треба да извезе 150 000 тони техногена минерална суровина  во Косово и 150.000 тони во Србија.

Заради актуелната состојба со аерозагадувањето, помеѓу општината и операторот е договорено активностите да бидат минимални и строго контролирани. Затоа на ден се товарат по четири камиони.

На локацијата е поставена сепарација и агрегат за обезбедување на електрична енергија, а во скоро време се очекува поврзување на инсталацијата на системот за снабдување со електрична енергија.

Општина Велес е во постојана комуникација со операторот и ја следи состојбата.