Денеска во Велес се одржа работна средба за консултации со младите од Велес, со претставници на ученичките и средношколски заедници, со претставници на младински здруженија, подмладоци на политички партии, претставници на Младинскиот центар од Велес, на Локалниот младински совет и други групи млади, кои дискутираа и ја разгледуваа првата драфт верзија на новата Национална стратегија за млади 2023 – 2027, во која ќе бидат имплементирани предлозите и идеите од младите.
Новата Национална стратегија за млади ја подготвува Агенцијата за млади и спорт (АМС) со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
Националната стратегија за млади 2023 – 2027 ги поставува основните принципи и насоки за акција на сите чинители во општеството кои ќе водат кон подобрување на социо-економската положба на младите и кон создавање на средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите права, потреби и интереси. Целта на Стратегијата е дефинирање на стратешките приоритети во областите на младинско учество, младинско информирање, младинска работа, образование, култура, здравје, претприемништво и безбедност.
Караванот на тимот на Националната стратегија за млади во периодот кој следи ќе одржи средби со младите во сите осум плански региони во државата.