Денес  на прес  конференција Здружението за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат” официјално информираше дека во саботата со последниот посег на сликарската четка, уметниците го завршија муралот „Солидарност, мобилност, иднина“.

Оживеаниот бетонскиот ѕид на кружниот тек под Спомен-костурницата останува трајно да потсетува на сплотеноста на Велес низ минатото, да мобилизира и  да обврзува на современата иднина на градот.

Градоначалникот Коцевски во знак на благодарност  што  токму  Велес  беше  опфатен  во проектната иницијатива за исцртување мурали на јавни простори, оствари средба со Филип Јовановски, претседател на Здружението, уметниците и авторот изведувач, уметникот Давор Кешќец.

На средбата тимот импресивно ги сподели своите искуства и одново ја потенцираше целта како на креативен начин да отворат одредени теми кои покренуваат и мобилизираат не само поединци туку цели групи и заедници за активирање и работење во  заедништво.

За нив Велес претставува општина пример за позитивни практики  и модел како професионално се соработува.

Велес Ви благодари!