ЈКП „Дервен” ги известува граѓаните кои живеат во Реон 2, односно на улиците „Благој Ѓорев”, „Мицко Козар”, „Васил Главинов”, „Гемиџиска”, „Оливер Китановски”, „Кумановска”, „Панко Брашнар”, „АСНОМ”, „Васа Кошулчева”, „Крсте Мисирков”, „Тодор Х. Офицерчето”, „Христо Узунов”, „Осма велешка бригада”, „Лазо Осмаков”, „Димитар Влахов”, „Браќа Капчеви”, „Вардарска”, „Тодорче Николовски”, „Орце Мартинов”, „Димко Најдов”, „Славе Петков”, „Рилски Конгрес”, „Самоборска”, „Никола Оровчанец”, „Благој Абрашев”, „Трајко Панов”, „Ѓоре Органџиев”, „Кукушка”, „Страшо Пинџур”, „Благој Нечев” и „Георги Војтех”, дека наместо во сабота (11 април 2020 година), потребно е жолтите канти со отпад од пакување да ги изнесат утре (петок) 10 април 2020 година, најдоцна до 07.30 часот, затоа што собирањето на овој вид на отпад ќе започне утре во 08:00 часот.

Јавното претпријатие известува дека останатиот комунален отпад ќе се собира во редовните термини.