Се известуваат граѓаните на Велес дека од понеделник,14.11.2022 година, со почеток во 08:00 часот, Македонски железници во соработка со Општина Велес ќе започне со реконструкција и модернизација на коловозот со елементи од рециклирана гума на патниот премин на Стар мост, спој со улиците „8 Септември“ и „Димко Најдов“. Градежните работи ќе бидат завршени на 19.11.2022 година, на крајот на денот.
Поради реконструкцијата на железничкиот патен премин ќе се воспостави времена измена на сообраќајниот режим на овој патен правец.
За времетраењето на градежните работи Стар мост ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај со поставена сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот ќе биде пренасочен и ќе се одвива од десната страна на река Вардар преку улиците „8 Септември“ и „Димко Најдов“, додека од левата страна на Вардар ќе се одвива по улиците „Димитар Влахов“, „Петре Прличко“, „Кресненско востание“, „Ангел Мишев“, „Браќа Капчеви“ и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Општина Велес со апел за внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сигнализација. Се замолуваат граѓаните да покажат трпение и разбирање во интерес на безбедно и квалитетно извршување на градежните работи.