На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски ги пренесе информациите од одржаната дваесет и прва седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување и извести дека поради раноодржаната седница утрово неофицијалните информации говорат дека денес во Велес и велешко нема регистрирано нови позитивни случаи на Ковид-19, а четири од заболените оздравеле.

Воедно, Коцевски ја пренесе и информацијата од Центарот за јавно здравје дека во Велес вкупната бројка на заболени со Ковид-19 изнесува вкупно 209 лица, од нив 172 оздравени, 13 починати и 24 се водат како активни случаи  (7 се наоѓаат на Инфективното одделение во Општата болница во Велес, 15 се на домашно лекување, еден отслужува затворска казна во КПД „Идризово” и еден се наоѓа во Градската Општа болница „8 Септември” во Скопје).

Во Општата болница во Велес во моментов има 18 лица на болничко лекување од нив десет се од Свети Николе, еден од Градско, четири од Велес, двајца од с. Јаболчиште и еден од Кавадарци.

Градоначалникот Коцевски потенцираше дека иако болните на Инфективното одделение се во добра состојба, не треба да се опуштаме за да не дојде до сценарио слично на она во Свети Николе или во другите општини каде на почетокот од здравствената криза немаше забоелени од вирусот.