Во тек е имплементирање на реформа на средното стручно образование , со цел истото да ја оствари својата примарна цел во креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот. Министерството за образование и наука  спроведува анализа за да ја утврди соодветноста на постојните образовни профили кои им се потребни на компаниите, но не се вклучени во наставните програми.

„Со цел да се идентификуваат образовните профили, на 4ти февруари 2021 година, во големата сала на Општина Велес ќе се одржи дебата со Министерката Мила Царовска, директорите на средните стручни училишта, стопанска комора на Македонија, центар за стручно образование и обука и претставници на локалните компании на територија на општина Велес кои треба да земат активно улога во целиот процес преку давање предлози, сугестии и мислења како да се реформира системот на средното стручно образование и кои наставни профили да се отворат во училиштатат кои се во областите каде што компаниите активно работат“, рече Коцевски.

Компаниите треба да се изјаснат какви профили на кадар им се потребни, дали можат ученици да следат практична настава кај нив, кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат во врска со спроведувањето на практичната настава и каква е нивната соработка со училиштата.