Советот на Општина Велес донесе одлука, 1.300. 000, 00 денари од општинскиот буџет да бидат наменети за набавка на таблети за ученици од училиштата  во градот што живеат во социјално ранливи семејства, информираше Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.

„Таблетите што ќе ги набавиме ќе им бидат дадени на училиштата и тие со реверс ќе можат да им ги дадат на користење на учениците кои немаат. Така ќе може да се подобри следењето на наставата и учењето на децата“, рече Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.

Од буџетот на Општина Велес се издвоени 150. 000, 00 денари за набавка на кислородни концентрати за потребите на Ковид центрите во општата болница Велес.