Проблемите на младите кои се вклучени во спортски активности беа во фокусот на на денешната трибина “Во каков град сакаме да живееме? Релативна енергетска дефициенција во спортот- RED S“ која денес се одржа во Општина Велес.

Исхраната, доколку е несоодветна може да предизвика енергетски дисбаланс и да доведе до сериозни здравствени последици за спортистите. Големиот број на присутни спортисти, но и медицински лица добија совети од врвни професионалци цо однос на правилниот пристап кон оваа тема. Беше дискутирано и околу психолошкиот момент на поддршка кој треба да постои помеѓу децата, родителите и тренерите.

На трибината говореа еминентни стручни лица како доц.д-р Глигор Тофовски, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и професионален скијачки тренер, проф.д-р Ленче Алексовска Величковска, декан на Факултетот за физичко образование и спорт, проф.д-р Даниела Шукова Стојмановска, професор на истиот факултет. Александар Атанасовски, професор по физичко образование, спорт и здравје, професионален скијачки тренер како и д-р Виолета Николов од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Нaстанот заврши со презентација од генералниот спонзор „Еурофарм“ на која младите спортисти се стекнаа со дополнителна едукација за начинот на кој можат да го зголемат својот функционален енергетски капацитет кој ќе им помогне во постигнувањето на врвни резултати.

Трибината беше организирана со поддршка на Општина Велес како дел од официјалната програма за 9 Ноември, Денот на општината, а настанот беше потпомогнат и од компанијата „Жито маркети“.