На 18 ноември годинава, во просториите на Општина Велес, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов и со советничката за култура и образование при амбасадата, Антонија Велева. Продлабочувањето на билатералната соработка во областа на културата, но и отворањето на нови можности за соработка во областа на заедничката реализација на проекти финансирани од Европската унија, беа приоритетни теми на денешната средба.

Покрај заедниката работа на проекти во областа на инфраструктурата, градоначалникот Коцевски и амбасадорот Ангелов разговараа и за иницијативата за реализација на заеднички проекти во областа на социјалната заштита, со фокус на поддршката на децата и лицата со аутизам, но и сите маргинализирани групи во заедницата.

Коцевски и Ангелов ги потврдија добрите односи меѓу државите, како и континуираната соработка со збратимените и градовите пријатели на Велес, Свиштов, Сандански, Перник и Силистра.Како што беше речено на средбата, идното продлабочување на соработката во реализацијата на европските проекти ќе биде значаен двигател во евроинтегративните процеси на локално и регионално ниво.