Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

Средбата која се одржа во седиштето на француската амбасада во Скопје, ја иницираше амбасадорот Тимоние пред неговото заминување од државава. На средбата, амбасадорот Тимоние упати благодарност до градоначалникот Коцевски за поддршката на проектите и активностите за соработка со француските партнери.

Реформите во локалната самоуправа, развојот на локалната економија, меѓународната соработка и евроинтеграциите беа во фокусот на средбата. Градоначалникот Коцевски во името на сите жители на Општина Велес се заблагодари за укажаната чест и поттик за продолжување на успешната соработка со општините и организациите од Франција.  Тој му посака на Амбасадорот многу успех во идните функции и мисии.

На средбата беше нагласено  и значењето на велешката Спомен-костурница и воопшто, културното наследство за локалниот развој.