На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски изрази разочараност затоа што како што рече „Во Велес-градот кој некогаш беше пример дома, во Европа и светот за еснаф и благородна комуникација, за жал интелектуаланата комуникација е заменета со најнизок вид на навреди, погрдни зборови и едноставно комуникација која не доликува на било кој граѓанин на Велес“. Тој оцени дек жал на социјалните профили се случува  нешто што е срам за Велес. „Им порачувам на сите поединци кои од било какви мотиви ја навредуваат општината, Градоначалникот и Советот на општина Велес  дека со секоја навреда што ја пласирате се навредувате самите себе си и сите граѓани затоа што Општина Велес  им припаѓа на сите. Како градоначалник, ја прифаќам секоја конструктивна критика и се трудам да одговорам на сите предлози и идеи на граѓаните, но немам намера по социјалните мрежи да полемизирам со луѓе кои немаат основна етичка култура која треба да ја имаат велешани  како граѓани на градот стожер на Македонската култура“, нагласи градоначалникот.

Тој им порача на сите поединци што   сеат омраза и посакуваат нечија смрт на социјалните мрежи, со прстот на чело да размислат за сите велешки интелектуалци и херои кои се наши предци, вклучително за оние што граделе институции, цркви улици.

„Искрено верувам дека да се денес, овде со нас, не би комуницирале со ниски и што би рекле велешани недоветни зборови. Воедно им порачувам на сите што планираат да продолжат со навредите дека на профилот на Општина Велес ќе се бришат сите навреди и изрази на говор на омраза“.

Градоначалникот Коцевски ги покани сите што пишуваат со омраза,   негативните мисли да ги преточат во позитивни идеи, предлози и активности со што  Велес би бил  подобро и поубаво место за живеење за сите генерации.