Почитувани граѓани,

Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон.

Искористете ја можноста овој вид на отпад да го отстраните од Вашите домови.

Акцијата ќе се одвива од 1 ноември  до 1 декември 2019 година.

Електронскиот отпад можете да го пријавите секој работен ден,  на телефонскиот број 043/233768, во периодот од 7 до 15  часот и сабота од 7 до 12 часот.

Услугата е бесплатна.

Во отпад од електрична и електронска опрема спаѓа:

1. големи домашни апарати (фрижидер, електричен шпорет, машина за перење, клима уред)

2. мали домашни апарати (пегла, правосмукалка, тостер, фен)

3. опрема за информатичка технологија и телекомуникации (компјутер, печатач, фиксен и мобилен телефон)

4. опрема за широка потрошувачка и забавна електроника (радио,телевизор,камера,музички инструменти)

5. опрема за осветлување (неонки, сијалици, расветни тела)

6. електрични и електронски апарати (бушалици, пили, машина за шиење)

7. електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт (видеоигри, справи за вежби)

8. медицински апарати

9. инструменти за следење и контрола (детектори за дим, термостати)

10. автомати (за издавање топли напитоци, за издавање пари)

11. кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони

Заедно со Вас до почист и побезбеден Велес !

Ви благодариме за соработката !

Општина Велес                                                                                   
ЈКП „Дервен