Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес оствари работна средба со Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување на санкции, при што потпишаа Меморандум за соработка кој ја утврдува взаемната соработка на двете институции при извршувањето на општокорисната работа на осудените возрасни лица согласно пресудата на Основниот суд како вид на алтернативна мерка.

Овој документ овозможува осуденото возрасно лице според неговите стручни квалификации да извршува општокорисна работа во Јавните претпријатија основани од Општина Велес, односно пропишува примена на форми и механизми за хуманизирање на казнувањето и давање на втора шанса на примарните сторители на полесни кривични дела.