Во тек се градежни актиности за ископ и одвоз на земјен материјал за припрема на подлогата за ковид Болница. Се подготвува плато со димензии 55 х 21м. Предвидено е да се ископаат и однесат околу 2800 м3 земјен материјал. Градежните работи се во завршна фаза има уште околу 500 м3 за шкарпирање на косините. Се постави водоводна линија ф63 со должина од 35м и 60м ф50. Потребни се уште 40м ф 50 кои ќе се постават во следните денови. Се отпочна со изведба на фекалната канализација ф150мм со должина од 80м. Се проби алтернативен пат и се предвидува истиот да се тампонира. Вредноста на инвестицијата е околу 2.000.000 денари.
Се изврши асфалтирање на улицата „Крсте Мисирков” со должина од 160м со вкупна вредност од 1.800.000,00 денари.Извршено е гребење на улиците „Мицко Козар” и „Пратение Зоографски” и во наредните денови се очекува да се изврши асфалтирање на абечкиот слој.
Се продолжи со градежни активност на „Смарт езеро Младост – Прва иновативна туристичка атракција во Македонија”. Се работи на подпроекот „Замок” и подготвителни активности на подпроектот „Брод”. Исто така има активности и на сервисниот блок. Завршени се градежните работи на пробивање и тампонирање на пристапна улица и паркинг до влез на „Еко кампот” со средства на Општина Велес. Вредноста на инвестицијата е 1.100.000,00 денари.
На улицата „Луј Пастер” се изврши реконструкција на водоводната мрежа и се заменија азбест цементни цевки со ПЕ со должина од 400м ф90мм. Се предвидува да се врати во првобитна положба до 5.12.2020. Се изведе водоснабдителната линија кон Речани ф225 со должина од 800м. Вкупната вредност на инвестицијата 2.500.000,00 денари.Во завршна фаза се градежно-монтажните работи на водоснабдување на населено место Отовица од градскиот водоснабдителен систем.
Се работи на бетонирање на дел од улица „Петре Алчев”, а ќе се продолжи со бетонирање на улица „Васил Иљоски” во населба Речани.Во тек се градежни активности за уредување на паркинг простор и пристапна патека на улица „Крсте Мисирков”. Вредноста на инвестицијата е 1.500.000,00 денари.Од страна на економскиот оператор „Павер Трејд” се поплочи тротоарот на улиците „Тодор Јанев” и „Киро Ќучук”.Се заврши со реконструкција на улицата „Петре Милевски”.
Денеска се планира да се изврши асфалтирање на улица во Сателитска населба Езеро Младост на носивиот слој, а следните денови и слојот за абење.Се припрема подлогота за тротоарот на улица „Благој Ѓорев” (се вршат градежни активности за поставување на подземни инсталации и се вршат активности за припрема за садење дрва).
Има градежни активности за реконструкција на дел од тротоарот обложен со травертин во центарот на градот.Завршени се градежните работи за санирање на мермерната облога на кејот на река Вардар.