На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, во својство на претседател на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби” ги соопшти одлуките за доделување на Рациновото и Почесното Рациново признание за 2020 година.

Оваа година, жири комисијата за доделување на Рациновото признание за прозно дело за 2020 година во состав академик Катица Ќулавкова, претседател и членовите Трајче Кацаров и Гордана Јовиќ – Стојковска одлучи да му припадне на писателот Томислав Османли за книгата расказаи „Парадоксион” во издание на „ВиГ Зеница” од Скопје.

Додека пак, Организацискиот одбор во состав Аце Коцевски, претседател и членовите проф. Кристина Николовска, проф. Људмил Спасов. Проф. Гоце Ристовски и проф. Стефани Андреевска донесе одлука почесното Рациново признание за афирмација и популаризација на македонската литература и култура, надвор од границите на Република Северна Македонија да се додели на проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и проф. д-р  Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.

57те по ред Рацинови средби ќе се одржат на 25 и 26 септември 2020 година, на отворната сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес кога ќе им бидат врачени и Рациновите признанија на овогодинешните добитници.

Сите настани кои се дел од 57. Рацинови средби ќе бидат одржани според протоколите и мерките за заштита од ширење на Ковид-19.