Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок.

На средбата присуствуваше и турскиот конзул Абдурахман Бајрактар, на која се разговараше за продлабочување на економската соработка, а беа потврдени долгорочните и блиски односи помеѓу двете држави.

Градоначалникот Коцевски изрази благодарност за целокупната поддршка на Турција за Северна Македонија што во континуитет ја дава, како и за силната економска, културна и инвестициска врска што постои помеѓу двете земји.