По повод 22 декември, одбележувањето на 111-годишнината од раѓањето на великанот Коста Солев Рацин и одбележувањето на 80-годишнината од излегувањето од печат на легендарната стихозбирка „Бели мугри”, денес во просториите на Општина Велес беше организирана свечена вечер под наслов „Чествување на Рацин – Рацинови дамари”.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, а беседа за Рацин читаше проф. д-р Венко Андоновски.
Во рамки на свеченоста беше прикажан документарниот филм – филмската поема „Бели мугри” по стихови на Кочо Рацин, во продукција на „Вардар филм” и се одржа промоција на книгата „Припитомување на кучката: раскази за лудилото” од годинешниот добитник на Рациновото признание, проф. д-р Венко Андоновски, а промотор на истата беше проф. д-р Кристина Николовска.
Музичкиот дел од програмата беше збогатен со настапот на професорите од ООМУ „Стефан Гајдов” м-р Светлана Ташева и м-р Илија Настовски.