Почитувани сограѓанки,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Денес, повеќе од било кога, важно е да се потсетиме дека правата кои ги ужива современата жена не се едноставно стекнати, туку дека за нив жените се избориле, а таа борба не била ни најмалку лесна.

Затоа Ве поттикнувам да останете доследни во својата упорност за рамноправно и балансирано учество во јавниот, општествениот и економскиот живот како во градот, така и во државата.

Ви посакувам добро здравје, лична среќа и успех во приватниот и професионалниот живот.

Со почит,

Аце Коцевски

Градоначалник на Општина Велес