Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на сите активисти на Општинската Организација на Црвениот крст, на сите крводарители и хумани граѓани, ви го честитам 8 мај, Светскиот ден на црвениот крст и црвената полумесечина.

Насекаде во светот Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина е достапно за секого.

Водени од основните принципи тие ја мобилизираат моќта на хуманоста за спасување животи и намалување на страдањето.

Светскиот ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина се одбележува во сите 190 национални друштва во чест на основоположникот на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина Анри Динан, кој е роден токму на 8 мај.

Со почит,                                                                                                                       
Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски