Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници на Територијалната противпожарна единица – Велес, им го честитам 20 мај, Светскиот ден на пожарникарите.

Совладувањето и справувањето со огнените стихии, кои се најголем противник на пожарникарите, претставува знаење, стекнато искуство, макотрпна работа и надградување, а највеќе храброст, одлика својствена за секој пожарникар. 

Вашата пожртвуваност, подготвеност и професионалност, придонесуваат не само во заштита на човечки животи, туку и на матријални добра.

Секој спасен живот значи среќно семејство. Без вас, оваа хумана мисија ќе биде невозможна. Продолжете да бидете наша гордост и гаранција за нашиот безбеден и безгрижен живот.

Со огромна благодарност за се сторено, волонтери и професионалци со хумани срца, за сета посветеност и издигнатост и пред новите предизвици во време на пандемија, нека Ви е честит денот! 

Смели борци, нека Ве следи среќа и нека Ви е честит Светскиот ден на пожарникарите.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски