Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на секој поединец, на севкупниот медицински персонал, им го честитам 27 Мај, Светскиот ден на Ургентната медицина.

Во овој период кога државата се справува со пандемијата на Коронавирусот (Ковид-19), колективно учивме да ја цениме Вашата вредност. Изразувам длабока почит и благодарност за хуманоста, посветеноста и беспоштедниот труд на сите лекари, специјалистите во итната медицина, медицинските сестри обучени во итна и акутна нега, болничарите, техничарите, персоналот за поддршка кој е надлежен и работи во системите посветени на итна медицинска помош.

Ви посакувам брз, ефикасен и со успех потврден прв одговор на животно опасните состојби. Стигнувајте на време и како и досега, спасувајте ги животите на велешанки и велешани.
Секојпат одново бидете победниците при сите непланирани, неочекувани итни ситуации!

Нека Ви е честит Светскиот ден на Ургентната медицина.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски