Драги првачиња, драги ученици, почитувани родители и наставници,

Денес, на првиот училишен ден, на сите вас ви посакувам успешен почеток на новата учебна 2020/2021 година, многу лесна и успешна работа.

Оваа година, првиот училишен ден, кога нашите најмлади сограѓани го прават најважниот чекор во нивните животи го започнуваме во посебни услови предизвикани од пандемијата Ковид-19.
Ве уверувам дека Општина Велес, заедно со претставници на училиштата макотрпно работеше на подготовките за успешен почеток на учебната година.

Посакувам овој ден да биде исполнет со радост, смеа и позитивна енергија. Во текот на учебната година да стекнете нови знаења и лесно да ги пребродите предизвиците.

Учителската дејност е една од најблагородните. Заслугите за нашето професионално надградување се всушност успех и резултат на насоките и трудот на нашите учители.

Среќна и успешна учебна година.

Со почит,

Аце Коцевски
Градоначалник на Општина Велес