Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните од сите заедници и во свое лично име, на сограѓаните со православна вероисповед им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Овој голем христијански празник е можност да ја искажеме нашата љубов, да ја зајакнеме нашата толеранција, да го зачуваме и негуваме нашиот мултиетнички и културен идентитет и да продолжиме напред чекорејќи по патот на мирот и добрината.

Посакувам овие денови да ги поминете во мир, добро здравје, благосостојба и семејна среќа и сите заедно да продолжиме да градиме живот исполнет со взаемно разбирање, почитување и единство.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски