Почитувани,

Во името на Советот на Општина Велес, во името на сите граѓанќи и граѓани и во свое лично име Ви го честитам 7 април, Меѓународниот ден на здравјето.

Почитувани здравствени работници, Вие сте нашите херои.

Вашата улога во справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид 19, во измината година е бесценета. Застанати на првиот ред во борбата против невидливиот непријател, несебично и посветено се боревте да спасите човечки животи. И сѐ уште го правите тоа, максимално се вложувате да им помогнете на нашите сограѓани, полесно да се справат со заразната болест.

Вие заслужувате огромна почит,подобар третман и дигнитет, затоа што сте столбот на јавното здравје.

Имајќи ја во предвид тековната состојба и сѐ поголемата неизвесност од ландемијата, во името на сите граѓанки и граѓани изразувам најдлабока почит и голема благодарност до сите здравствени работници и помошниот персонал кои го носат главниот товар во борбата со пандемијата.

Посакувам да бидете трпеливи и истрајни во ова време невреме, да останете здрави и живи и што поскоро да се вратиме во животот што го имавме пред пандемијата.

 

 

Со почит,

                                                                      Градоначалник на Општина Велес

                                                                                     Аце Коцевски