Општина Велес им го честита Меѓународниот ден на учителите 5 Октомври, на сите просветни работници и им посакува успех во најблагородната професија.

Почитувани наставници, продолжете посветено и одговорно да градите нови генерации, да ги едуцирате и насочувате кон вистинските вредности, покажете им го правилниот пат и помогнете им да откријат повеќе за себе и за светот.

Останете доследни и истрајни во вашата професија и успешно справувајте се со сите предизвици во образовниот процес. Единствената надеж за здраво и напредно општество се образовани и едуцирани граѓани.

Нека е честит и достоинствен Меѓународниот ден на учителите.