Во мое лично име и во име на Советот на Општина Велес, на сите припадници на православната вероисповед, упатувам честитки по повод големиот христијански празник 8 декември – Свети Климент Охридски.

Основоположникот на македонската црковна и народна духовност, патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Свети Климент Охридски, преку продлабочување и унапредување на словенската просвета, го продолжува делото и мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј. Ве поттикнувам и охрабрувам со добри дела и со позитивни примери да ги водиме нашите најмлади и најсакани, но и сите други во заедништво, следејќи ги универзалните вредности на почит, разбирање и помагање.

Ви посакувам убав и празничен викенд, исполнет со семејна топлина.

Градоначалник на

Општина Велес

Аце Коцевски