Почитувани,

Во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес, во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите медицински сестри, акушерки и техничари им го честитам 12 мај, Светскиот ден на медицинските сестри, акушерки и техничари.

Вашата професија е една од најблагородните професии во светот, достојна за почит и восхит. Вашата несебична грижа за пациентите, посветеноста и професионалноста во работата се значајна во поддршката на медицинскиот персонал и целокупниот здравствен систем.

Многу денови и непреспиени ноќи се дел од вашиот живот, многу откажувања и разочарувања. Вие сте првата подадена рака на пациентот, првата утеха, првата помош, несебично се давате себеси во процесот на превенција, лекување и рехабилитација.

Ја изразувам мојата најдлабока почит кон вас, храбри и пожртвувани здравствени работници кои максимално и безрезервно го вложувате својот труд во заштитата на здравјето на велешанки и велешани, особено сега кога се соочуваме со невидсливиот непријател Ковид-19.

Покрај здравјето на пациентите, посакувам да го чувате и вашето здравје, затоа што сте ни крајно неопходни. Ви посакувам успех на личен и професионален план, а ние и понатаму ќе ги почитуваме заштитните мерки се со цел да ви ја олесниме работата и да го зачуваме јавното здравје.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски