Почитувани крводарители,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството.

Дарувањето на крв е највисок чин на хуманост. Да се биде крводарител е најголемата мисија на човекот во неговиот живот. Не постои похуман и поблагороден чин од доброволното дарување на крв и спасување на човечки живот. Преку Вашата несебична помош не само што ја изразувате Вашата хуманост, туку придонесувате и во подигнувањето и јакнењето на колективната и индивидуалната свест за значењето на дарувањето крв.

Вие сте вистински херои на денешницата, а Вашиот придонес останува клучна алатка во спасувањето животи на локално, национално и светско ниво.

Упатувам голема благодарност и почит кон сите граѓанки и граѓани кои доброволно ја даруваат својата крв на секоја крводарителска акција, особено на оние кои ја поддале својата рака многупати досега, па дури и по стопати во својот живот.

Бидете пример и поттик за младите генерации, и тие да се вклучуваат во крводарителски акции.

Упатувам голема благодарност и до Општинската Организација на Црвен крст, без која не можат да се постигнуваат врвни резултати на секоја крводарителска акција.

Соработката на Општина Велес со Општинската Организација на Црвен крст Велес е долгогодишна и на високо ниво. Ќе продолжиме заедно да бидеме позитивен и препознатлив пример на град кој на сите крводарителски акции собирал најголем број крвни единици.

Ви сте наша гордост!

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски