Почитувани сограѓанки и сограѓани
Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 9 Ноември, Ден на Општина Велес и на ослободувањето од фашистичкиот окупатор.
Седумдесет и шест години живееме во слобода, со вечна почит и благодарност до сите оние кои беспоштедно ги дадоа своите животи за денешнава слобода.
Овој ден е силно врежан во нашата историја и колективната меморија на македонскиот народ. Затоа што токму на овој ден, борците од партизанските одреди „Димитар Влахов“, Трајче Петкановски и „Осмата Велешка народно-ослободителна бригада“, го ослободија Велес и ја донесоа скапоцената слобода.
Наша должност е да ги чуваме спомените, да ги негуваме придобивките од народно-ослободителната и антифашистичка војна, достојно да го исполниме заветот на нашите славни предци и да го градиме и развиваме Велес.
Честит празник!
Со почит,
Аце Коцевски
Градоначалник на Општина Велес