ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на директор на Локалната установа

Народен музеј-Велес

 

1.Кандидатите покрај општите услови предвидени со законот за работни односи

  • е да државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен, при ова да ги исполнува и посебните:
  • во моментот на изборањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрна за вршење на професија, дејност или должност;
  • да има стекнатао најмалку 240 кредити според ЕКСТ или завршен VII/1 степен високо образование, согласно  услови утврдени со Статутот на установата: Филозофски факултет-Историја на уметноста, Археологија, Историја, Факултет за ликовни уметности, Природно математички факултет –отсек Етнологија;
  • да има минимум пет години работен стаж во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти во областа на културата, врз основа на склучени договори на дело;
  • да има еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од пет години:

– ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода

– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода

– ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво

– ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен

– БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода

– АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).

 

2.Кандидатот со пријавата потребно е да ги достави следните документи:

  • – Заверен препис од диплома за завршено високо образование
  • – Потврда за работено  искуство
  • – Уверение за државјанство
  • – Кратка биографија – CV
  • – Програма за развој на локалната установа

 

3.Неделното работно време е 40 часови, со дневно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

4.Основната нето плата за работното место изнесува 37.324 денари.

5.Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето, не рачунајќи го денот на објавувањето.

6.Комисијата  формирана од Управниот одбор на установата во рок од 5 (пет) дена по завршувањето на јавниот конкурс, ги разгледува документите.

7.Изборот се врши во рок од 15 дена по добивање на предлог од комисијата.

8.Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.

9.Пријавата со потребната документација во оригинал или заверена на нотар треба да се достави во запечатен плик до Управниот одбор на Локалната установа „Народен музеј “-Велес односно во просториите на установата на ул„8-ми Септември“ бр.22, 1400 Велес.

 

Број 08-4533/1                                                                                                        Градоначалник

24.11.2020год                                                                                                    на Општина Велес

Велес                                                                                                                      Аце Коцевски с.р.


Јавен конкурс