Врз основа на член 50, став 1, точка 9  од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“  бр. 5/02) и член 23  од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и  „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19) а, согласно Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие „Пaрк –Спорт и Паркинзи“ -Велес бр. 08-2383/1 од 09.06.2021година,

Градоначалникот на Општината Велес,  распишува

Јавен конкурс
за избор на Директор на Јавното претпријатие
„Парк –Спорт и Паркинзи“ – Велес

Се распишува Јавен конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие „Парк –Спорт и Паркинзи“ -Велес

Покрај општите условите, треба да се исполнуваат и условите утврдени со законот за јавните претпријатија:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • има минимум пет години работно искуство.
  • поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
  • да има организациона и менаџерска способност за раководење.

Со пријавата, кандидатите треба да приложат:

  • Уверение за државјанство;
  • Заверен препис на диплома за завршена стручна подготовка;
  • Потврда за работно искуство;
  • Кратка биографија-CV;
  • Сертификат за познавање на јазик,
  • Потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • организациона и менаџерска способност за раководење се докажува со Програма за работа и развој на ЈП „Парк-Спорт и Паркинзи“-Велес за наредните четири години раководење.

Распоред на работно време: Работни часови во неделата = 40 часови, со работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот.

Нето плата 36.846 денари.

Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето, а кандидатите кои ги исполнуваат услови по закон и посебните услови ќе бидат повикани на интервју во рок од 5 (пет) дена по завршувањето на јавниот оглас.

Известувањето за извршениот избор се доставува до кандидатите во рок од 8 дена од денот на донесувањето на одлуката за избор.

Со избраното лице ке биде склучен договор со Градоначалникот во кој ќе бидат регулирани правата, одговорностите и овластувањата согласно со закон .

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Општина Велес на адреса: ул. „Панко Брашнар“ бр1. 1400 Велес, со назнака „за јавен конкурс за избор на директор“.

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок  и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни  и истите нема да се разгледуваат.