Цел на конкурсот:

Конкурсот се распишува со цел да се стимулира и поттикне креативноста кај младите и да јакне љубовта кон родниот град.

Услови:

1.Право на учество имаат сите ученици од средните училишта од Општина Велес.

(Темата треба да е претставена со оргинални видео записи, кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси).

2.Видео записите се доставуваат на е-пошта: opve@veles.gov.mk, и ќе бидат објавени на социјална мрежа фејсбук.

3.Рангирањето ќе се изврши  според бројот на добиените лајкови.

4.Комисијата ќе додели три награди за најдобро рангирани видео записи.

5.Видео записите се доставуваат на е-пошта: opve@veles.gov.mk најдоцна до 04.11.2019 година.


Јавен конкурс „Велес низ мојот објектив“