Цел на конкурсот:

Конкурсот се распишува со цел да се стимулира детското ликовно творештво, да се поттикне креативноста кај младите и да јакне љубовта кон родниот град.

Услови:

1.Право на учество имаат сите ученици од основните училишта од Општина Велес.

(Темата треба да е претставена со оргинални ликовни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси).

2.Техниката на изработка на творбите е по слободен избор на учениците.

3.Пристигнатите творби ќе бидат разгледани од Комисијата за заштита на правата на децата од Општина Велес.

4.Комисијата ќе додели 3 (три) награди за најуспешните ликовни творби.

5.Сите пристигнати творби ќе бидат изложени на свеченост организирана по повод Денот на градот.

Во прилог на творбата, секој заинтересиран учесник ликовна творба да ја потпише со име презиме, да наведе одделение, ментор и училиште. Творбите  се доставуваат до Општина Велес на ул.„Панко Брашнар“ бр.1, најдоцна до 04.11.2019 година со назнака за Комисија за заштита на правата на децата.