Амбасадорката на царството Јапонија, Н. Е. г-ѓа Кеико Ханеда, денес беше во посета на Општина Велес. Цел на посетата беше промоција на проектот за подобрување на болничката средина во ЈЗУ Здравствен дом Велес, преку кој јапонската амбасада обезбеди и донираше две возила за транспорт на пациенти на Службата за Итната помош при ЈЗУ Медицински центар, Велес, во вредност од 37.175,00 евра.

Амбасадорката Ханеда оствари работна средба со Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на која разговараа состојбата со Ковид-19 во Велес, за реформите на системот на локална самоуправа и за продолжување на процесот на децентрализација на власта, за капиталните проекти на чијашто реализација работи Општина Велес и во услови на пандемија, за предизвиците со кои се соочува општината, како и за другите проекти коишто се во насока на подигнување на квалитетот на секојдневното живеење на сите жители на Општина Велес.

Потенцирајќи ги заложбите и напорите на Општина Велес во сферата на транспарентниот и отворен начин на работење, но и значењето на Велес како важен регионален центар, Амбасадорката Ханеда посочи дека искреното пријателство меѓу двете држави ќе продолжи и во иднина, а со тоа ќе се продлабочи и соработката со Општина Велес во многу обласи.

Амбасадорката Ханеда и Градоначалникот Коцевски остварија работна средба и со директорот на ЈЗУ Здравен дом, Велес, Никола Димовски на која присуствуваше и директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, Игор Андреев, при што извршија увид на донираните возила.