„Во рамки на нашите заложби градот да биде чист и зелен, упатувам јавна благодарност до вработените во ЈКП Дервен за активностите кои континуирано ги реализираат”, изјави на денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Исчистени се диви депонии со градежен шут на излезот од Велес кон Скопје, на влезот во Велес од Штип, на пристапниот пат кон Дурутовец, а вкупно се собрани 1250 m3 градежен шут, додаде Коцевски.

Исчистена е и депонија во напуштен приватен имот на улица „Вера Циривири” бр. 6.

За време на празникот ќе биде исчистена дивата депонија со комунален отпад во близина на Градскиот пазар, соопшти градоначалникот Коцевски и потсети дека на езерото „Младост” има редовно присуство на вработено лице од ЈКП „Дервен” секој работен ден кое ги чисти урбаната опрема што се користи за рекреација и одмор на граѓаните.

Градоначалникот Коцевски, информираше дека во текот на вчерашниот ден е извршена акција за чистење на СРЦ кај Бабуна и езерото „Младост”, а по првомајските празници овие локации како и градскиот парк и сателитската населба на езерото „Младост”, повторно ќе бидат исчистени и целосно дезинфицирани.

„Пристигната е првата количина на канти за отпадоци. Набавени се вкупно 1660, а во текот на првата седмица во месец Мај ќе започне нивна дистрибуција до граѓаните” истакна Коцевски.