Ќе се реконструира и модернизира уште еден патен премин во Велес. Во петок, 09.12.2022 година, во 08:00 часот, Македонски железници во соработка со Општина Велес ги започнува градежните работи на коловозот на патниот премин кон музичкото училиште „Стефан Гајдов“ со елементи од рециклирана гума.

За време на изведување на градежните работи ќе има времена измена на режимот на одвивање на сообраќајот на овој патен правец со што преминот во целост ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај. Сообраќајот ќе биде пренасочен и ќе се одвива преку улиците во месноста Дворови „Ѓоре Органџиев“, „Никола Оровчанец“ и „Кукушка“

Општина Велес со апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација и да покажат трпение и разбирање во интерес на безбедно и квалитетно завршување на работите.

Градежните работи во целост би требало да бидат завршени до среда, 14.12.2022 до крајот на денот.