Изминаа 100 дена откако градоначалникот Марко Колев ја доби довербата на граѓаните за градоначалник на Општина Велес. Чест и задоволство претставува што покажавме дека за само 100 дена нештата можат суштински да се променат кога се работи чесно и одговорно.
Во овој период на прилагодување, но и континуирано работење исполнето со многубројни предизвици, се работеше трудољубиво и сплотено, со студиозен пристап кон сите поголеми и помали проекти, со подеднакво значење за развојот на Велес.
Затоа, почитувани сограѓани, пред Вас е отчетот на градоначалникот за сработеното во изминатите 100 дена како градоначалник. За таа цел, денес градоначалникот Колев одржа брифинг и прес – конференција со новинарите од градот каде им ги презентираше завршените и отпочнатите проекти, но и идните развојни планови за градот.
Велес е нашиот град, градот кој го сакаме! Велес станува поубаво место за живеење! Велес за сите граѓани!