Денеска, 22 декември, се навршуваат 116 години од раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Великанот е еден од основоположниците на современата македонска книжевност и литература. Неговата стихозбирка ,,Бели мугри,, која е издадена во Загреб во 1939 година е едно од нсјзначајните дела во современата македонска поезија во која поетот ја опејува тешката мака на тутуноберачите, копачите, деновите со аргатски маки големи. Стихозбирката е најпреведуваната и е издадена на сите светски јазици. Кочо Рацин загинал во несреќен и неразјаснет случај во месноста Лопушник, на 13 јуни 1943 година.