Денес се одбележуваат 118 години од смрта на Гоце Делчев. Тој е еден од најистакнати македонски национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Деец е на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.