Со положување цвеќе пред паметникот на Гемиџиите, во центарот на градот, делегација од Општина Велес, предводена од градоначалникот Коцевски, денес ја одбележа 118-годишнината од саможртвата на велешките херои, велешките Гемиџии.

И после 118 години од солунските атентати, Велес и велешани со длабока почит се сеќаваат на храбрите подвизи на велешките херои Јордан Поп Јорданов – Орцето, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, но и на нивните соборци.

Поради актуелната состојба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 и оваа година изостана прослава со масовно присуство.