На 02 февруари годинава се навршија 118 години од раѓањето на истакнатиот велешки франкофон, писател, преведувач и универзитетски професор д-р Георги Шоптрајанов.

Георги Шоптрајанов е роден на 2 февруари 1907 година во Велес како најмало дете во семејството Шоптрајанови. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а во 1927 како надарен и вреден студент тој бил избран за асистент и така станал прв Македонец со универзитетско звање. Докторирал во 1935 година со што станал првиот Македонец, доктор по лингвистички и литературни науки. Шоптрајанов е еден од првите пет професори кои предаваат на Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е на многу книги а превел и голем број книги од француската литература. Тој бил еден од најголемите македонски франкофони.

Во негова чест Општина Велес секоја година на празникот на градот, 9 Ноември доделува награда, најстудент Проф. Д-р Георги Шоптрајанов.

По повод годошнината, локалната библиотека „Гоце Делчев“ постави изложба од дела поврзани со творештвото на Шоптрајанов.