Локалната библиотека Гоце Делчев денеска го одбележа патрониот празник во чест на великанот, револуционерот Гоце Делчев. Во рамките на културната програма, со музички точки настапија м-р Илија Настовски и Филип Арилон, а актерката Весна Димитрова-Бобевски изведе дел од монодрамата „Мајката на Делчеви“. На свеченоста беа цитирани мисли и пораки поврзани со животот и делото на Гоце Делчев.
По повод 120 годишнината од неговата смрт, а во сеќавање на академскиот сликар Анѓел Петров, фондацијата која го носи неговото име, на велешката библиотека и подари портрет на Гоце Делчев, дело на уметникот Петров.
На свеченоста беа врачени наградите од литературниот конкурс по повод чествувањето на ликот и делото на Гоце Делчев. Локалната библиотека на своите долгогодишни соработници меѓу кои и на Општина Велес им додели благодарници.