Денеска се навршуваат 121 година од солунските атентати и саможртва на Гемиџиите за Македонија. По тој повод делегации на Општина Велес, советници положија свежо цвеќе пред споменикот на Гемиџиите и оддадоа почит за нивните херојски дела и саможртва. Во нивна чест, Општина Велес ја обнови спомен плочата на која се испишани нивните имиња како вечен спомен за нивните херојски дела. Сегашните и идните генерации Македонци вечно ќе го носат и чуваат споменот за солунските атентатори, како пример за љубов и жртва кон татковината. Нека е вечен споменот на Гемиџиите !